(ВИДЕО) Ѓорчев: Бројот на првачиња е директно кажување дека во Македонија не дошол живот, туку пустош

Од:

Никогаш, во историјата на Република Македонија немало помалку ученици во училиштата, никогаш немало помалку првачиња во училишните клупи, рече Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од Македонија секогаш имало иселување но она што ни се случува последнава година ипол е буквално егзодус е буквално масовно напуштање на Република Македонија кое што се гледа докажливо преку бројки. Никогаш во Македонија сме немале помалку првачиња одвај да се достигне бројката од 20.000 првачиња. Ова е демографска катастрофа, ова е директна последица на економските катастрофални политики кои што ги донесе Владата на Зоран Заев и кои што резултираа да во Македонија не се отвораат нови фабрики и нема нови работни места. Нема во Македонија повеќе економски раст туку имаме најмал најнизок убедливо најлош економски раст во цела Европа. Од земја која што беше на врвот во првите пет сега сме убедливо најлоши и на дното, рече Ѓорчев.

Според него, бројот на првачиња, 20.251 е пораз за владата на Заев и директно кажување дека во Македонија не дошол живот туку, како што кажа, пустош и небиднина.

– Имаме намалување на бројот на првачињата во најголемата општина во Македонија во Куманово, имаме број на намалување во Велес каде што мора училишта да се спојуваат за жал за да остане бројот на ученици. Имаме намалување на бројот на првачиња во Новаци од 27 на 17 тоа е пад повеќе од 30 %. Имаме огромно намалување на бројот на првачиња во Битола, Дебар во Маврово-Ростуше во Кичево рапидно паѓа бројот на ученици, во дури 3 од 4 училишта централни во градот во Штип секаде има барања за намалување на паралелките односно бројот на учениците. Старо Нагоричане исто така скопските општини Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров исто така. Сето ова не доведува до заклучокот во Македонија не дојде живот во Македонија дојде пустош, економски крах небиднина, иселување како никогаш досега, кое што се гледа, евидентно е преку убедливо најмалиот број на првачиња во историјата на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Тој рече дека демографската катастрофа значи оти Македонија останува земја без народ.

– Училишта без ученици, маала без игралишта во кои играат деца, семејства кои што заминуваат, економија која што крахира. Тоа е резултатот од она што го гледаме, тоа е буквално небиднина и пустош.
Набројав само неколку општини низ Република Македонија, но за жал можеше со минути и часови да се набројуваат општините и училиштата кои што исчезнуваат каде што се редуцира бројот на наставници, бројот на часови, бројот на деца. Тоа е таа демографска рецесија за која што зборуваме. На врвот на ова е падот на новородени деца, историски најголем во вториот квартал на 2018 година од 6,3%. Минатата година како резултат на анти економските, анти семејните политики во делот на економијата имавме најмалку родени во Македонија 21.700, претходно беше 23.000. Од тие 21.700 убедливо најлоши во историјата на Македонија, дополнително оваа година во вториот квартал добивме демографска рецесија не од 1, 2 или 3 проценти туку од 6,3%. Тоа се поразителни бројки, поголем доказ за оваа небиднина која што ни се случува не може да има, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра