Сашо Гилевски, командир на вод во 2001 година, кој ги извлекуваше телата на убиените и преживеаните во масакрот во Вејце вели дека сликата никогаш не може да се заборави.
-Не можам да ви ги опишан тие изживувања, кои и да беа тие што го извршиле масакрот биле ѕверови, тоа не биле војници. Покрај што беа запалени телата на моите колеги, со противпожарен апарат ги гасев и возилата. Еден колега во нападот на Вејце беше погоден со снајпер. Тешко беше да се товарат во возилата и да се донесат телата во касарната каде што бевме сместени. Меѓу нив имаше четворица живи колеги и останав до вечерта за да ги извлчеам и последните полицајци, изјави Гилевски.
И покрај тоа што поминаа 12 години, не може тоа да се тргне од нашите глави, од нашите умови. Штета е за оваа држава што многу работи не функционираат, зошто таа треба да води рачун за сите нас што останаваме живи во тој конфликт во 2001 година.
Предраг Петровиќ