ВИДЕО: Гевгелија празна, во Прешево 8.000 бегалци

Од:

Гевгелија денеска е празна, бегалците од Сирија веќе се транспортирани кон Србија каде во последните 24 часа во прифатниот центар во Прешево на југот на Србија стигнале околу 8.000 луѓе.

На железничката станица во Гевгелија има само малку бегалци, кои со автобуси и воз заминуваат кон Прешево. Ваквиот исход следува откако власта во Македонија сфати дека планот за нивна блокада и контролирано пропуштање да се транспортираат со еден воз е погрешна и со тоа се создава хаос на македонска територија.

Секретарот на Црвениот крс во Прешево Ахмет Халјими за агенцијата Бета изјави дека цела ноќ траела регистрацијата на големиот број бегалци кои пристигнале од Македонија.

Околу 2000 бегалци во моментов се наоѓаат и во околината на Прешево, во селото Миратовац, каде се наоѓаат алтернативни патишта за преминување на границата.

Според зборовите на Халјими, за сите бегалци кои се пријавиле во Прешево е обезбедено доволно количество на храна и вода.

УНХЦР обезбеди автобуси со кои бегалците од прифатниот центар се пренесуваат кон Белград.

Бранот бегалци од синоќа во Србија е последица на големиот прилив од Грција во Македонија, но сообраќајот на граничниот премин Табановце-Прешево се одвива без проблеми.

Поради зголемениот број бегалци од Блискиот Исток и Северна Африка во Србија, во Прешево денеска се очекува да се појави српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он