(ВИДЕО) Гешоска: Коце Трајановски нема време за контакти со граѓанскиот сектор

Од:

Искра Гешоска, претседател на асоцијацијата на независната културна сцена ЈАДРО, по потпишувањето на договорот за дијалог во креирањето на културните политики со кандидатот за градоначалник за Скопје, Јани Макрадули изјави дека ова е голем исчекор во демократизацијата. Како што рече значајна е политичката волја на Јани Макрадули бидејќи доста е со лажно читање на културата.

„Се обидовме да ги контактираме и другите кандидати за градоначалници за да се потпишат на овој документ. Одговор добивме од кандидатите Републиканската Алијанса и од Либералната партија.

– Од кај Коце Трајановски ни беше одговорено дека нема време за контакти со граѓанскиот сектор. Ако некој кажува дека е битно да не се злоупотребува граѓанскиот сектор, треба да биде доследен во тоа“, рече Гешоска.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?