(ВИДЕО) Героски: Мора да се стави крај на тиранијата

Од:

Не сум дојден јас вас да ве охрабрам, туку вие мене да ме охрабрите. Во името на оние кои знаат што е отпорот, ви благодарам што сте толку истрајни, рече пред прилепчани, новинарот Бранко Героски.

Опозицијата и Црвенковски, рече, сега се под жесток притисок да се вратат во парламентот но овој пат никој нема право да преговара во свое име, бидејќи станува збор за иднината на Македонија.

Ве уверувам дека оние кои преговараат се свесни за тоа. Залогот не е иднината на некој политичар. Нема да ја биде Македонија ако не се врати слободата и достоинството.Не само јас, многу мои пријатели се вградени во темелите на оваа држава.Таков придонес Никола Груевски нема. Каде беа тие кога се создаваа тие институции? Не беа толку млади, туку какулираа. Затоа немаат право да ги рушат демократските институции. Преговорите не се за ситни интереси, туку за иднината. Дали знаете за што преговора Груевски, освен што бара обезбедување кога ќе му заврши мандатот. Тој се обидува сега да го скрши отпорот. Единствениот начин на кој ќе се обидат да го скршат отпорот, е да кажат дека отпорот не е од народот туку од раководството на СДСМ или ЛДП. Отпорот е народен.Мора да се стави крај на тиранијата, рече Героски.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ