(ВИДЕО) Герасимовски: На 13 декември во новата сала на Работнички ќе го победиме МЗТ

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто „Работнички“ ќе издвојува голема победа.

„Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со подземно греење. Воедно сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ на 13 декември и најавувам голема победа на Работнички“, истакнува Герасимовски.

80% од реконструкцијата се завршени. Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини