(ВИДЕО) Георгиевски: По победата на изборите, новата локална власт од СДСМ ќе изгради пречистителна станица во Јурумлери

Од:

Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба денеска во изјава за меидумите рече дека градоначалникот Тони Трајковски со години ја ветува пречистителната страница на граѓаните и повторно ги излажа граѓаните.

– Овде нема ниту пречистителна станица ниту метар изградено фекална канализација. Недозволиво е во 21-от век жителите на Јурумлери и на околните села да немаат елементарни услови за живот и да живеаат со септички јами кои ја загрозуваат природата но и здравјето на граѓаните. Покрај ветената пречистителна станица и фекална канализација, нерелизирано е и ветувањето за изградба на клучката на регионалниот пат од Јурумлери кон Илинден. На жителите од Јурумлери лажно од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Трајковски им беше ветувано чистење и одржување на каналите, но ништо од тоа, после секој пороен дожд овие наши сограѓани се со поплавени подруми и домови, рече Георгиевски.

Тој рече дека граѓаните на Јурумлери не заслужуваат ваков однос од градоначалникот Трајковски.

– За решавање на проблемите во Гази Баба потребни се промени на локалната власт. Новата, услужна локална власт предводена од СДСМ ќе работи во интерес на граѓаните. По промените на локалните избори, локалната власт предводена од СДСМ има план уште во првата година да ја реализира пречистителната станица и фекална канализација во Јурумлери. Имаме план како сoобрќајните потреби на граѓаните од овој регион да ги решиме со цел да овозможиме побезбеден и сигурен сообраќај, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО