(ВИДЕО) Георгиевски: Гази Баба ќе биде модерна општина, а не како сега без елементари услови за живот

Од:

„Се наоѓаме во село Јурумлери, родното село на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Тука, во близина на оваа локација требаше да има пречисттителна станица за фекална канализација која градоначлникот Трајковски со години ја ветуваше. Ја нема пречистителната станица, исто како што ја нема ниту канализациската мрежа во ова, но и во околните села.

Жителите од населените места Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма се уште живеат во супстандардни услови, без канализациска мрежа. Од почетокот на својот мандат, од 2009 година, градоначалникот Тони Трајковски секоја година ветува изградба на фекален колектор и канализација за овие населени места. До денес, таквото ветување останува нереализирано.

Од почетокот на првиот мандат па до денес, градоначалнкот Трајковски има реализирано само 20 проценти од неговите ветувања во изградба на фекална канализација во руралните населени места. Од вкупно 15 населени места, ветувањата се реализирани само во 3 населени места.
Недозволиво е во 21-иот век жителите на општина Гази Баба да немаат елементарни услови за живот и да живеат со септички јами кои ја загрозуваат природата, но и здравјето на граѓаните.

Затоа, по промените на парламентарните избори итно се потребни промени на локално ниво.

Имаме план како само за четири години од сегашните 20 проценти да ја зголемиме реализација на покриеност на канализациони системи за 50 проценти во сите рурални населени места.Имаме план како да овозможиме модерен и достоен живот за сите граѓани, без разлика дали живеат во урбаните или руралните населени места. Општина Гази Баба заслужува да биде модерна европска општина“, изјави Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски