(ВИДЕО) Георгиев: Во Прилеп почна и ќе заврши падот на режимот

Од:

На отворениот парламент во Прилеп се обрати потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

„Прилеп е зачетник на отпорот. Многу не има. Почитувани Прилепчани, отпорот почнува и ќе заврши во Прилеп. На 24 декември се случи погреб на македонската демократија, сериозно кршење на Уставот и на принципите на онаа Македонија за која мојот дедо го положи животот, во еден ден 40 битанги неидентификувани удрија на СДСМ и на опозицијата, на 370.000 граѓани“, рече Георгиев.

Тој додаде дека оваа работа ќе се заврши или на улица или на предвремени парламентарни избори.

„Груевски вели дека седнал на лидерска средба за да се покрие штетата од 24 декември. Каква штета Груевски? Да ти ги покажеме медицинските наоди на Весна Бендевска, на Радмила Шеќеринска, од влечење, туркање, не беа само фатени за раце, туку влечени клоцани и исфрлени од Собранието“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски