(ВИДЕО) Георгиев: Вистинската опозиција е на улиците

Од:

Груевски кој што сака по секоја цена да го изгасне светлото во Македонија и да завладее мрак, тоа е човекот кој што има план да ги затвори сите месиуми. Тој сака да се однесуваме како Швеѓани. Она што беше на 24. декември е голем сигнал дека се покажа грдото лице на Никола Груевски. Незамисливо е да се избрка целата опозиција со специјално неидентификувано обезбедување.

Македонија не е Шведска, рече, Македонија е на рангот на африканските држави и затоа сме овде, ќе издржиме и ќе одиме до крај.

Ние денеска сме блокирале мост, 20 пати кој ветуваше оној градоначалник дека ќе го реконструира. На сите спинови на валста дека СДСМ и Сојузот на Иднината, ние не сакаме насилство, но бевме со насилство исфрлени на улица, тоа не е наша желба, и затоа пражаме порака-само предверемени парламентрани избори е решението. Оваа колаиција сме спремни да одиме до крај, се додека не ја оствариме слободата, рече Георгиев.

Се лаже тој што мисли дека во Македонија има трула опозиција, или дека некои ќе се појават да глумат опозиција. Таква опозиција нема. Вистинската опозиција е на улиците. Нека не се лажат со продадени и купени да прават независни листи.

Ова не е борба само за СДСМ и за Сојузот на Иднината, ова е борба за сите неопределени, треба да ги поттикнеме тие луѓе кога ќе излезат на гласање да го казнат овој режим на предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа