(ВИДЕО) Георгиев: Полицајци, дали вашите колеги почиваат во мир?

Од:

После година ипол, повторно застанавме огромен број храбри шарени револуционери пред куќата на мракот, која треба да биде јавен сервис, а таа служи единствено за цицање на парите на македонскиот народ и ништо повеќе, рече Благојчо Георгиев.

– Сакам да им се обратам на полицајците и да ги прашам дали нивните колеги почиваат во мир? Дали нивните колеги што загинаа на тој крвав настан ланска година, дали на истите тие нивни колеги им се упокоени душите? Поради тоа што тие колеги загинаа за овој народ, не за фамилијата на власт, праша Георгиев.

Тој ги потсети полицајците дека во заклетвата тие се заколнале дека ќе го бранат народот, државата и суверенитетот и интегритетот на државата, а не фамилијата на власт, кои според него, ја направиле државата приватна фирма.

– Полицајци, овде, помеѓу овие шарени револуционери се вашите братучеди, браќа, сестри, вие треба да го штитие овој народ, не да штитите 10 души криминалци, криминална банда кои го уништуваат овој народ. Јас се борам во исто време на два фронта, еден фронт во животот, кој не му го посакувам никому, другиот фронт ми е овде на улицата, заедно со шарените револуционери, за да се избориме за подобро утре за да не страдаат нашите деца. Нашите деца да бидат горди на нас, а не да се срамат и да ги гледаме преку скајп. , рече Георгиев.

Колку можам се трудам, може ќе останам инвалид може ќе станам од оваа бедна количка. Но едно знаете, режимот е на колена и ќе падне, рече тој.

Демонстрантите претходно со громогласен аплауз го честитаа денот на полицијата и на полицајците им дадоа цвеќиња.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ