(ВИДЕО) Георгиев: Груевски и Ахмети продолжуваат во договорот за хаос

Од:

СДСМ денеска оцени дека се повеќе се влошуваат меѓуетничките односи во Македонија. Обвини дека владините коалициски партнери шират национализам во наизменични периоди притоа не водејќи сметка за последиците, а нивниот пример го следат и верските лидери.

– Начинот на кој се прославува Денот на албанската државност и знаме се повеќе ги драматизира меѓуетничките односи во земјата. Веќе цела недела провокативно се поставуваат изнасилено големи албански знамиња, се поставуваат споменици и јарболи, без на ниту едно место да се стави и државното знаме. Вчера, беа промовирани новите простории на државниот универзитет во Тетово, кои целосно беа прекриени повторно само со албанско знаме, рече на прес-конференција потпретседателот Гордан Георгиев, притоа забележувајќи дека за ваквите случувања не се огласиле најодговорните во државата.

Според СДСМ, изјавите на поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи и на поглаварот на Македонската Православна Црква, г.г. Стефан уште повеќе ги продлабочуваат поделбите во македонското општество.

– Верските лидери, наместо својот авторитет кај верниците да го искористат за смирување на недоразбирањето и да упатуваат пораки за помирување, тие се повеќе наликуваат на алатка во рацете на неодговорните политичари. Односот на верските лидери последниве денови, нема никаква допирна точка со пораките кои истите им ги упатуваат на верниците на Велигден и Бајрам, рече Георгиев.

Поткопувањето на меѓуетничките односи, сметаат од СДСМ, на долг рок ја загрозуваат иднината на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја