(ВИДЕО) Генчовска: Бугарија најсилно ја поддржуваше Македонија, и посакувам успех во преговорите

Од:

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол кој беше еден од клучните документи за отворањето на преговорите со Европската Унија.

– Вие сте сведоци на потпишувањето на вториот протокол помеѓу двете земји. Знаете дека Бугарија е државата која најсилно ја поддржуваше интеграцијатра Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Оттука па натаму им посакуваме успех во преговорите. Се надевам дека ќе стигнат таму каде што граѓаните на Северна Македонија сакаат најмногу да стигнат – истакна Генчовска.

Османи рече дека конструктивните разговори на работните групи вродиле со плод и дека билатералниот протокол ќе покаже дека е сработено многу.

– Задоволството е големо што денес сме со министрите Маричиќ, Бочварски, Бектеши да бидеме на втората меѓувладина седница. Имавме конструктивни разговори каде што разговаравме за петте области преку пет работни групи. Од овој протокол се гледа дека е сработено доста. Сите групи создадоа меморандуми, проекти. Соработката ќе биде поплодна заснована на меѓусебна доверба како сојузници во НАТО и наскоро се надевам и како сојузници во ЕУ. Не радува што после 17 години Македонија задутре ќе го почне преговорите – додаде Османи.

Потпишувањето на фамозниот протокол следуваше после тридневната дебата во македонското Собрание и гласањето на заклучоците по информацијата од Владата за францускиот предлог во кој беше и овој документ.

Овој документ Османи и Генчовска го криеја две недели колку што траеја и протестите во Скопје и останатите градови против прифаќањето на францускиот предлог и билатералниот протокол со кој на Бугарија и се дава можност на годишно ниво да не блокира во процесот на преговорите ако не и бидат исполнети некои од барањата како што се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, ревизија на учебниците и говорото на омраза.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on