(ВИДЕО) Гелова: Тевдовски и Рашковски треба да се произнесат и да дадат одговор за која намена се дадени еден милион евра на невладини организации

Од:

„Министерот за финансии Тевдовски и Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски треба да се произнесат и да дадат одговор за која намена се дадени еден милион евра на невладини организации во предизборен период.

Веќе осми ден како го поставуваме ова прашање, а од друга страна наидуваме на молк. Јавноста треба да биде запознаена каде и за што се трошат парите на граѓаните.

Ваквото работење на министерот и Генералниот секретар отвора сомнеж дека во предизборниот период се врши поткуп на гласачи.

Можно е, инжинерингот кој беше спроведен на минатите парламентарни избори, сега да се спроведе повторно и на локалните избори.

Невладините организации, кои до пред четири месеци беа најгласните поборници за граѓански права и слободи, сега ги нема да одржат ниту прес, ниту да дадат изјава за крвавите избори кои ги спроведува СДС.

Нереагирањето на разните активисти за човекови права за крвавите избори кои ги спроведува Заев го открива нивното вистинско лице и нивниот партиски ангажман.

Сакаме да им порачаме на Заев, Тевдовски и Рашковски, дека граѓаните нема да дозволат нивните пари да бидат трошени во партиски цели и за поткуп на гласови со кои се погазува волјата на граѓаните. За сите незаконски дејствија овие личности ќе бидат казнети од граѓаните на 15-ти октомври, а потоа сите ќе сносат одговорност пред институциите на државата“, изјави Соња Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела