(ВИДЕО) Гелова Стојанова: СДС продолжува со префрлување на буџетски пари на невладини организации

Од:

„Веќе 5 дена нема одговор од владата на прашањето, на кои невладини организации се префрлени еден милион евра во предизборниот период и за каква намена ќе бидат користени истите?

Наместо одговор, владата предводена од СДС молчи и продолжува со префрлување на пари од буџетот на сметките на невладините организации.

Изминатиот период, на сметките на невладините од парите на граѓаните, беа извршени трансфери со кои во еден ден се префрлувале по неколку милиони денари. Па така, на август од буџетот се префрлени 6.755.730 денари, на 23-ти август од буџетот се префрлени 4.666.666 денари, на 24-ти август се префрлени 1.485.000 денари, на 31-ви август се префрлени 3.350.000 денари, додека на 20-ти септември се префрлени 5.266.666 денари, на 26-ти септември се префрлени 16.450.000 денари, додека на 27-ми септември на сметките на невладините организации се префрлени 13.210.000 денари.

Повторно го прашуваме СДС, дали се врши масовен поткуп на гласови и дали се прави нов инженеринг за претстојните локални избори.

Т.н. шарени револуционери кои сега живеат од парите на граѓаните, СДС и Заев ќе бидат казнети на локалните избори кои ќе се случат на 15-ти октомври“, изјави Соња Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања