(ВИДЕО) Гелова Стојанова: Кога Заев вели дека Македонија ќе ја направи како Струмица, тоа значи дека ќе цвета непотизам, корупција и злоупотреба на функции

Од:

Кога кандидатите за градоначалници од редовите на СДС говорат за гасификација на општините, тие говорат за гасификација која ќе функционира по системот воспоставен во Струмица. Во градот каде Зоран Заев ја спроведе гасификацијата, граѓаните плаќаат најскап гас во цела Европа. Иронично и дрско е најевтиниот енерегенс на граѓаните да им го наплатувате поскапо и од електричната енергија. Заев, преку фирмите на неговите соработници и роднини, злоупотребувајќи ја функцијата градоначалник, создаде милиони кои ги извлече од џебовите на струмичани продавјаќи им гас од партиските фирми, рече Соња Гелова Стојанова.

Таа додаде дека човекот кој ветувал живот за сите во Македонија, доделувал тендери на фирма во сопственост на неговите татко и чичко, Пане Заев и Љупчо Заев.

– Доказ за злоупотребата на Општината и непотизмот кај Заев е фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ од Струмица, која доби тендер за набавка на прехранбени и хигиенски производи во вредност од над 3 милиони денари од Јавната општинска установа „Детска радост“ – Струмица. Оваа фирма до минатата година, од Заев добила 7 тендери со вкупна вредност од над 30 милиони денари. Кога Заев вели дека Македонија ќе ја направи како Струмица, граѓаните знаат дека планира во Македонија да цвета непотизмот, корупцијата и злоупотребата на функцијата, рече Гелова Стојанова.

Како што кажа таа, ветуваа живот за сите, а пристигна живот само за бизнис партнерите на Заев, додека за останатите пристигнало помрачување.

– Додека манипулираа со ветувања за 500 евра плата, а платите ги намалија, Заев и неговите соработници инкасираа милиони на своите сметки. Остануваат уште три дена до 15-ти октомври, денот кога на СДС ќе му биде испорачана казната од граѓаните за ваквата погубна политика, рече Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски