ВИДЕО: „Гази се пред себе“ – багеристите против активистите кои протестираат на Водно

Од:

Еден од одговорните на проектот за раскопување на Водно со цел поставување на гасовод му наредил на багеристот кој го вршел копањето да помине низ луѓето кои со жив ѕид протестираат на местото. По ова на местото каде се врши ископот настанал вербален конфликт помеѓу активистите и одговорните за проектот проследен со пцовки и навреди, сведочат за А1он, активистите кои протестираат на Водно, а истото може да се види и од видеата кои тие ги поставуваат на социјалните мрежи.

Posted by Кирил Мицковски on Среда, 29 август 2018

-Одговорниот на проектот му нареди на багеристот да не помине, да не прегази бидејќи застанавме на трасата. Тој почна со пцовки и навреди кон нас дека сме партиски определени, иди преку нив, му кажа на багеристот, вели Кирил Мицковски активист од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ за А1он, кој моментално се наоѓа на лице место.

Градежниците заедно со градежната механизација се појавиле без никаква легитимација, документација или дозвола за работа.

-Откако видоа дека сме решени да не се мрднеме, почнаа да копаат во друга насока, која не е планирана досега, ова е нешто ново, багерот тргна во насока која не е предвидена со планот на ископ, вели Мицковски.

Во моментов багерот со кој се врши копањето не е во функција, но работниците и понатаму работат, копаат и пренесуваат песок и земја.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно