(ВИДЕО) Галески од ВМРО-ДПМНЕ до директорот на „Комунална хигиена“: Имате загуба, а селективно сте си ги зголемиле платите во претпријатието?

Од:

Треба да одговорите на прашањето, зошто распишавте оглас за вработување и покрај тоа што Советот даде негативно мислење за вашиот план за вработување, го праша директорот на Комунална Хигиена, советникот во Советот на Град Скопје, и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески при што му посочи и дека ја заобиколува и не ја зборува вистината.

Точно е и добро го прочитавте законот, додаде Галески кон директорот на претпријатието, посочувајќи му дека таму кажува и дека Советот дава препораки и забелешки и дека Советот веќе им даде забелешка да не го прават тоа, а тие распишуваат оглас за вработувања.

Што се однесува до бројот на вработени, Галески рече дека иако директорот негира, во претпријатието драстично и селективно се зголемиле платите на вработените.

„Јас имам фактура од вашето претпријатие за четврти месец минатата година. Бруто износот за привремени вработувања за четврти месец минатата година е четири милиони и 300 илјади денари. Знаете неколку месеци подоцна колку е истава фактура за истиот број на вработени? Осум милиони 500 илјади денари. А, тоа е така затоа што, тука вработени кои што земале по 30 илјади плата, сега земаат по 50 илјади денари плата, тие кои што земале по 40 илјади плата, сега земаат 60 илјади плата“, рече Галески.

Галески истакна дека не сака да ги чита презимињата, но ќе спомене само неколку имињата колку да докажам дека ова што го кажува е прецизно.

„Усаме земал 34 илјади бруто плата, сега земал 58 илјади денари плата, Рамадан претходно земал 45 илјади денари плата сега зема скоро 60 илјади плата, Влатко земал 39 илјади сега зема 66 илјади плата. Како не ги имате зголемено платите? Токму овие плати сакате да ги претворите од привремени во трајни вработувања и затоа го распишувате конкурсот“, посочи Галески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски