(ВИДЕО) Фрчкоски: Тие што го толкуваат овој датум како условен, не сакаат да се случи успех на референдумот

Од:

Секоја членка која влегува во ЕУ или НАТО постои можност да биде блокирана. Сите гледаат дали се исполнети реформите во правосудството, образованието, безбедноста и по тоа ја судат земјата. Доколку не се задоволуваат стандардите може и да ни го продолжат рокот, но тоа е нормална ситуација која сите земји ја поминуваат, вели за А1он и Макфакс, професорот Љубомир Фрчоски.

-Претпристапните преговори сите земји ги добиваат на ист начин, тие за секоја земја се условени. Може да почнат во септември, декември или јуни, но откако ќе почнат, секоја земја која ги започнува е врзана за многу корисен притисок. Тоа е нешто што со двете раце можеме да го прифатиме, на пример условот – осуда за корупциските дела. Судовите ќе бидат притиснати да донесат одлуки на процесите за корупција, тоа за нас е супер, не е супер само за оние кои ги бранат вмровците, но тоа е нивен проблем, вели Фрчкоски.

Според професорот по меѓународно право, приказните околу тоа дали датумот е условен или не имаат скриена пермиса. Тој вели дека датумот за преговори е апсолутен успех, Македонија тоа го барала и го добила.

-Дали се условни или не, се коментари кои зад себе го кријат концептот на противење на договорот со Грција и на можноста добивањето на датум за преговори како помош за успех на референдум. Тие аналитичари кои го толкуваат овој датум како условен не сакаат да се случи успех на референдумот. Претпристапните услови можеме да ги прегрнеме со двете раце, инаку како стандард тие се еднакви за сите земји. Единствен проблем е тоа кога ќе започнат, дали во септември или во јуни, вели Фрчкоски.

Тој посочува дека вратата на ЕУ е отворена и Македонија влегува, а со тоа се отвораат и претпристапните фондови, пари кои државата ќе ги добие заедно со позитивниот притисок за вршење на темпо на реформите особено оние во правосудството и безбедносните служби кои се од исклчителна важност за земјата.

Во врска со одлуката на претседателот Иванов да не го потпише ратификуваниот договор, Фрчоски вели дека тоа е личен став на претседателот кој размислува во свое име, а не како институција претседател на држава.

– Тоа што претседателот не го потпиша ратификуваниот договор е негов личен став и е еден проблем. Втор проблем е тоа што тој не разликува личен став и институција. Ова е поврзано со неговиот карактер и знаење. Тој како институција е обврзан да го потпише договорот, доколку не го стори тоа го крши Уставот на РМ, вели Фрчкоски.

Според универзитетскиот професор, договорот со Грција во оваа етапа не дозволува претседателот да го блокира Собранието кое мора да ја спроведе својата волја, а во случајот тоа е договорот да биде спроведен.

-Ние ја знаеме позицијата на Иванов, неговото знаење и акал и тоа е судбина, ќе го трпите до кога мора. Мое мислење е дека мора да му се води импичмент и мора да се направи мнозинство да се смени од претседателската функција бидејќи така се брани Уставот. Не е тоа проблем на судир со него, туку тоа што не го почитува Уставот и тоа по трет пат. Првиот е со условеното давање мандат, што не е негова работа, второто е со Законот за јазици и сега со ратификацијата на договорот со Грција, рече Фрчкоски.

Како што вели тој датумите кои Македонија ќе ги добие, ставот околу НАТО и ЕУ ќе помогнат да се создаде позитивна атмосфера со која договорот со Грција ќе помине на референдум.

-Мое лично мислење е дека ќе успееме во тоа и со таков исход мислам дека власта ќе ја придобие опозицијата и заедно со двотретинско мнозинство да се промени насловот на Уставот по што ќе добиеме финално членство во НАТО. Таа етапа е историска за нас и мора да ја изодиме како што треба, вели Фрчкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: Фрчковски гласаше „против“ Резолуцијата за Борба против фашизмот и нацизмот

Заев не сака да ги коментира пишувањата за Фрчкоски додека не завршат постапките за амбасадори

Дали Заев по шамарот од САД го подгoтвува Фрчкоски за уставен судија или амбасадор во Белград прашува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Фрчкоски хоспитализиран поради Ковид-19, состојбата му е стабилна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Договорот кој го потпишаа Србија и Косово има политичко, безбедносно и економско значење за Македонија

(ВИДЕО) Фрчкоски: Треба да се вметне Охридскиот договор во амандманите, но не заедно со историските документи

Наум Локоски