ВИДЕО: Форумот на жени на СДСМ остро го осудува шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски

Од:

„Форумот на жени на СДСМ остро го осудува шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во неговата објава против новата министерка за финансии, Нина Анегеловска.

Недозволиво и неодговорно е портпарол на парламентарна партија да се служи со родов шовизнизам и мизогинија и во своите објави на социјалните медиуми да употребува сексистички речник и говор на омраза насочен против жените.

Оттука, го прашуваме Христијан Мицкоски, дали се согласува и ја одобрува објавата на неговиот протпарол Стоилковски?

Дали ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените?

Ги повикуваме и жените во ВМРО-ДПМНЕ да одговорат дали се согласуваат со навредите на Стоилковски?

Дали неговата објава полна со шовинизам е дел од комуникацијата со жените внатре во партијата? Дали така им се обраќаат на партиски состаноци?“, праша Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ

„Очигледно е дека ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е исто како и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Тоа е истата матрица на навреди, матрица на понижување на жените и нивните права.

Ги повикуваме сите граѓански здруженија да го осудат овој срамен и недоличен потег на Стоилковски.

Апелираме до сите граѓани да се спротивстват на ваквите ретроградни тенденции кои се спротивни на демократските и универзалните човечеки вредности.

Потсетуваме дека Република Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

Ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја покажуваат подготвенсоста на Владата предводена од СДСМ за унапредување на правата на жените.

Во Северна Македонија, нема и нема да има место за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените“, изјави Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“