(ВИДЕО) Шилегов: Фирмата закупец на куќата на Јанакиески тендерот го добила во четири очи

Од:

Каде и да се чепне во случајот со странската фирма во куќата на министерот Јанакиески, скандалот станува поголем, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Не само што фирмата Лудвиг Фајфер е кираџија во куќата на министерот Миле Јанакиески,

Не само што на оваа фирма лично вицепремиерот за финансии Ставрески и потпишал договор во 30 милионскиот бизнис Пречистителна станица Прилеп.

Овие официјални документи објавени на страницата на Европската унија откриваат дека Владата на Груевски и го дала бизнисот на германската фирма ВО ДИРЕКТНА СПОГОДБА.

10934476_10204892052033892_1007320752_n

Иако, како што стои во документите, на тендерот се јавиле дури 4 заинтересирани фирми, вицепремиерот Ставрески го потпишал договорот со фирмата чиешто седиште е на имотот на министерот Јанакиевски во Прилеп.

Сето ова се случува откако тендерот еднаш е поништен.

10928058_10204892051913889_1606130426_n

ИПА Извештајот за 2012 година открива скандалозни информации зошто. Еве го тој документ, во којшто е наведено:

“Проектот за Пречистителна станица во Прилеп се соочи со дополнителни задоцнувања во тендерската фаза во 2012 и Делегацијата на ЕУ конечно мораше да ја откаже евалуацијата, поради постоење сериозна загриженост за прекршување на доверливоста на процесот.

После поништениот тендер и отворената постапка за нов:

Случајно германската фирма, добитник на милионскиот бизнис е регистрирана на имот на министер во Владата на Груевски, во случајов Јанакиески,

Случајно Ставрески го склучил договорот со таа фирма,

Случајно договорот бил склучен со постапка на преговарање, што значи зделка во четири очи,

Случајно министерството со коешто раководи Јанакиески е едно од одговорните за управување со средствата од кои се финансира Проектот,

Случајно проектот ја закупил куќата на Јанакиески,

Случајно на оваа куќа нема никаква информација дека таму работи некоја фирма.
Еве фотографии од куќата на Миле Јанакиески во Прилеп. На неа, можеби во контекст на сите случајности, никаде не се гледа табла што би упатила на тоа дека овде има простории на фирма.

Груевски, Ставрески и Јанакиевски треба веднаш овие “случајности“ да им ги објаснат на граѓаните на Република Македонија. Партизираните институции трети ден молчат, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски