ВИДЕО: Фирмата на Нефи не ја загадувала природата со шутот, криви се само вработените

Од:

Додека Нефи Усеини како советник во Охрид стана задолжен за заштита на животната средина, Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против неговата фирма „Нефи ИК“ која се гонеше за фрлање шут во Охридско Езеро. Во овој случај, иако полицијата ја гонеше и фирмата, Обвинителството одлучи пред законот да одговараат само сопственикот на земјиштето и двајца вработени кај Усеини. Ваквата одлука на обвинителот доаѓа иако шутот е истурен со механизација која и припаѓа на фирмата „Нефи ИК“. Сепак, сега Обвинителството тврди дека нема основано сомнение дека фирмата го сторила делото. Одлуката за гонење на работниците и сопственикот на земјиштето е донесено на крајот од јануари.

„Поднесен е обвинителен предлог против три физички лица за кривичните дела – узурпација на недвижности како и загрозување на животната средина и природата со отпад. За пријавеното правно лице кривичната пријава е отфрлена, бидејќи нема основано сомнение дека пријавеното правно лице го сторило наведеното кривично дело“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Уште кога полицијата поднесе кривична пријава, „А1он“ објави дека двајцата вработени при исказ во полиција го штитеа нивниот претпоставен од фирмата „Нефи ИК“ и кажаа дека истурале шут без негова дозвола. Во април минатата година, побаравме и став од  сопственикот Нефи и управителката Мирајет Усеини, но никој од нив не одговараше на повиците за да каже дали вработените ги украле камионите на нивната фирма, за да прошируваат парцела. И по скоро една година, нема објаснување ниту зошто, ако ова е точно, не е пријавено во полицијата. Инаку, целта на овој чин била да се продолжи парцелата и таа да излегува на езеро, а неофицијално, по нарачка на сопственик на земјиште во близина на охридската населба Далјан.

Против новиот заштитник на животната средина во Охрид, се водат две постапки во охридскиот Основен суд. И двете се судат бавно, а како последица на опструкции. Едниот предмет се однесува на претепувањето на Спиро Топаловски пред хотел од страна на Нефи Усиени и неговиот брат Ибро. Другиот, пак, за претепувањето на охридскиот советник Џемал Мена, за време на седница на Советот.

Усеини се спаси од гонење во две постапки. Па така, тој не одговара на нападот на инспектор кој наместо да изврши надзор, беше набркан од дивоградбата кај Чинарот, сопственост на советникот. Претходно, беше отфрлена и пријава од професорот Илјаз Илјази, инцидент од кој „А1он“ објави видео.

За двете дивоградби за кои повеќе од две години пишува „А1он“, нема никакво гонење, ниту пак, некој ги отстранува. Станува збор за тераса на пицерија изградена на државен имот во центарот на Охрид и бетонска база која почна, но никогаш не се отстрани, а се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов