(ВИДЕО) Филков: Првпат ЕК укажа на директна одговорност на институциите во борбата против корупцијата

Од:

Борбата против корупцијата, во новиот извештај за Македонија на Европската комисија е оценета со слаба оценка 2.

Во извештајот стои дека Македонија има најниска плата од сите земји, дека имаме најголема стапка на невработеност кај младите луѓе, да не се чудиме 500 илјади каде отишле и зошто си отишле, рече Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации на дебатата за извештајот на Европската комисија за Македонија, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Македонскиот центар за европско образование.

– Сме добиле двојка, а не единица за борба против корупција, затоа што единица би било Комисијата за антикорупција да се укине, ама бидејќи постои, а ништо не работи е двојка. Една нова работа е што политичката одговорност, досега формулирано како политичка волја, првпат не се споменува кај корупцијата во контекст на власта, владата, туку им се префрла на трите органи во институциите на системот – полицијата, обвинителството и на Државната комисија за спречување на корупцијата. Новитет е што сега директно се посочуваат инстиуциите што постојат да си ја вршат работата, рече Филков.

Тој вели дека во Извештајот на ЕК се бараат резултати од антикорупциските мерки и првпат се укажува дека трите институции за борба против корупцијата не се независни.

– Од снимените разговори се виде дека навистина не се независни, додаде Филков.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска