(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната самоуправа во Гостивар.

„Со Али Ахмети, прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, потреби имаат граѓаните соодветни, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа наша поддршка му донесе и на него победа“, изјави Филипче.

Филипче, потенцираше дека нема никаква коалиција и изрази жалење што дел од политичките партии со тоа што отидоа на лидерската средба, летигимираа една власт која е навлезена во корупција и ја држат земјата во изолација.

„Јас кажав во неколку наврати, жалам што партиите коишто отидоа таму легитимираат за една ваква власт, навлезена длабоко во корупција, којшто ја држат земјата во изолација и на некој начин во медиумски мрак благодарение на кампањите со лажни вести коишто ги прават преку своите медиуми. Мислам дека ниту една политичка партија не треба да даде поддршка на ваква власт, затоа што со оваа власт тендерска коалиција на ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија нема иднина“ рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО