(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

Од:

„Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка мир Божји, Христос се роди.

Посакувам мирни празници, посакувам весели празници на сите верници кои денес овој празник го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, да се соберат најблиските, да се покаже почит, да се покаже грижа. Посакувам денот да помине мирно, а во мирот во овие турбулентни времиња ни е и тоа како потребен за да можеме да продолжиме општеството да го градиме, да биде праведно, да биде толерантно, да биде слободно.

Ние во минатото имплементиравме политики коишто граѓаните вистински можеа да ги осетат да живеат подобро, побезбедно, побогато. Младите тука да ја гледаат иднината. Имплементиравме политики коишто доликуваа на развиени општества, општество во кој никој нема да се чувствува помалку вреден, без разлика дали станува збор за етничка, дали станува збор за национална, верска, некаква културна, родова, полова или сексуална ориентација. Посакувам да сите заедно градиме општество во коешто никој нема да биде дискриминиран“ – изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред Соборниот храм во Скопје.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме