(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злоупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи.

„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи или ги водат состаноците или се присутни. Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, истакна Филипче.

На прес-конференцијата Филипче побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.

„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии“, додаде претседателот на СДСМ.

Филипче, изјави дека спиновите и лагите со кои се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на целосна безидејност и обид да се сокрие неспособноста на власта да испорача резултати.

„Спиновите и лагите со кои што се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на една целосна безидејност што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении,“ рече Филипче.

Тој нагласи дека власта бара оправдување затоа што граѓаните гледаат дека нема ништо реализирано, за разлика од конкретните резултати што ги постигна СДСМ во својот мандат.

„Соочени се со тоа што ние го кажуваме што ние сме направиле во нашиот мандат за само година или две. И ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата која до крајот на мандатот е дуплирана. Платите на докторите до крајот на мандатот за 2,5 пати некаде зголемени, ако сме можеле за само два години од мандатот Социјалната помош да ја зголемиме за 300%, ако сме можеле за само две години да ги решивме 30 -годишните отворени стечајците, тие да се целосно обештетени, зошто тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара некакво алиби за тоа дека за некои работи требале децении? Не е тоа вистината. Вистината е дека немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред,“ истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека ваквото однесување станало постојана пракса на власта:

„И во таква ситуација се што прават, спинуваат. Куфери со пари, предавства, поделба на граѓаните. И тоа е нешто што го прават во континуитет, тоа не е нешто ново. Тие, исто како и ланската кампања, и сега ја тераат кампањата. Ама сега водат државата, имаат одговорности, мораа да покажат резултати. Граѓаните гледаат дека нема никаква испорака, се намалуваат платите, се скратија пензиите, просечната плата паѓа 3 месец поред,“ рече Филипче.

Тој потсети дека СДСМ остави функционален и правичен систем за покачување на пензиите кој власта го укина, а со тоа ги оштети пензионерите:

„Ппензионерите наместо 1000 денари зголемување, требаше да имаат 2000, ако го продолжеа нашиот систем на зголемување на пензиите со методологијата, они се одлучија за линарно зголемување. И сега парите се скратија. Предупредувавме дека така ќе биде,“ изјави Филипче.

На крајот, тој упати критика за неконтролираниот раст на цените и неактивноста на Владата:

„Цените се надвор од контрола. Никој не ги контролира цените во маркетите. А има владата механизам да го направи тоа. Ниту една добра мерка која ќе предложиме не ја подржаа. Во таква ситуација барат предавници, го делат народот, а државата стагнира,“ порача Филипче.

Филипче, изјави дека обидите на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски да ја оправдаат својата неспособност со изговори дека „за некои работи биле потребни децении“, се доказ за нивната целосна безидејност.

„ВМРО-ДПМНЕ немаат што да покажат, немаат сериозен проект и сега се вадат со празни зборови дека промените барале време. Но, граѓаните добро знаат што може да се направи кога постои волја и план“, рече Филипче.

Тој потсети дека во само две години од својот мандат, СДСМ спроведе вистински системски промени кои граѓаните ги почувствуваа во секојдневието.

„Ние за две години ги зголемивме платите на лекарите и ја започнавме реформата за континуирано зголемување на минималната плата која до крајот на мандатот беше двојно повисока. Платите на докторите се зголемија за два и пол пати, а социјалната помош за 300 проценти. Ги решивме и 30-годишните проблеми на стечајците, кои конечно беа обештетени. Ако ние тоа можевме да го направиме во две години, зошто ВМРО-ДПМНЕ бара алиби дека ним им требале децении?“ праша Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека суштината е многу едноставна:

„Вистината е дека тие немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред. И затоа единствено нешто што им остана е да спинуваат, да измислуваат и да бегаат од одговорност,“ порача Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Скопје мора да се развива паметно, не може веќе да се бориме со хаосот, скопјани заслужуваат многу подобро

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, по теркот на нивниот гуру Заев, се спремни за ново предавство за спас на кариерите

Горан Наумовски

СДСМ: Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Горан Наумовски