(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Од:

Тука сме да кажеме „доста е“, доста е на загадувањето, на запалените депонии, на ѓубрето по улиците. Доста е од ВМРО-ДПМНЕ, време е за промени, порача СДСМ од вечерашниот централен митинг во општина Аеродром. На трибината беа претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници во Општината. Се работи, како што беше речено, за докажани и чесни професионалци, за луѓе со знење, волја и љубов кон својот град.

Според претседателот на СДСМ Венко Филипче, ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да ја води оваа општина која треба да биде средена, урбана и пристојна, со културни и содржини за младите.

-Нашиот кандидат знае што треба да направи зашто се што работел досега, завршило со успех. Не знам како актуелниот градоначалник на Аеродром повторно ја бара довербата од граѓаните кога покажа дека не знае ништо да сработи, рече Филипче.

Во своето кусо обраќање, тој се осврна на актуелната состојба во државата, напомена дека три месеци по ред платите се намалуваат, дека е нарушена ликвидноста на компаниите, а власта, подвлече, нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните.

-Денес излезе уште една лага, пензиите се зголемија за само 1 000 денари, а ветувањето беше поинакво. Серионо е загрозена ликвидноста на Пензискиот фонд, нема една сфера во која е добро, земјоделството е во катастрофална состојба, во образованието ништо, нема учебници, никој не зборува за зголемување на платите, а и здравството е катастрофа. Тотална блокада на државата. Мицкоски обвинува дека правиме црна кампања, но не, ние само ја кажуваме црната вистина на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Да ставиме крај на деструктивните политики и на пропаѓањето на земјата. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ Тирана стана центар на Балканот, таму 520 евра е просечната плата, а за Мицкоски се доволни 400 евра. Да ја преземеме одговоноста и заедно да се избориме за нашиот дом за во него да продолжат да живеат и нашите деца, порача Филипче.

На митингот прв се обрати носителот на листата, Милутин Ристевски, најавувајќи дека ќе се залага за чесност, работа и вистинска промена.

-Доста беа лаги, манипулации и празни ветувања. Цели четири години ниту една од ветените четири градинки не е изградена. Последните две нови градинки се изградија во мандатот на СДСМ. Секојдневно слушаме поплаки од родители дека условите во школите се катастрофални, училиштата тонат во долгови кои се најстрого чувана тајна. Ветија зеленило, а не можат да го одржуваат ни постоечкото, општината никогаш не била позапуштена, диви депонии има на секој чекор. Ветија нова општинска зграда, никогаш не ја изградија, ветија и 3 000 нови паркинзи, ни 100 не изградија, ветија 6 нови кружни текови и велоспиедски патеки на секоја улица, но ништо и од тоа не е направено, рече Ристевски.

Според него, не се реализирани многу од ветените проекти.

-Доста беа лаги и празни ветувања, време е за промени, време е да се избориме за нашиот дом. Имаме одлична програмска понуда и уште подорби кандидати за градоначалници и за советници на Аеродром и Скопје, порача Ристевски и побара поддршка од граѓаните.

Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски потенцира дека Аеродром може да биде многу подобра општина. Најави средување на сообраќајниот хаос, нови вело патеки, паркиралишта и катни гаражи, смарт осветлување. Во фокусот, рече, ќе бидат младите и културата.

-Нема поголема чест од тоа граѓаните да те побараат, гордо стојам овде и ќе се борам до крај. Од тука јасно и гласно испраќаме порака дека Аеродром бара промени. Ставме крај на недомаќинското работење, на отровниот воздух. Аердорм не смее да се претвори во уште една скопска депонија, повторно ќе биде наша скопска гордост. Заслужуваме чиста, зелена општина во која достоинствено ќе живееме. Следува целосна обнова на системот за наводнување, редовно собирање на оптпадот и миење на улиците, дигитализација на училиштата и редовни здравствени прегледи. Ќе реализираме и сосема нов проект, воведување локална парамедик служба која ќе биде сервис за граѓаните на Аеродром, истакна Трајановски.

Неговата Програма предвидува и креирање фонд за млади, како и изградба на културен центар со кино сала, театарска сцена и простор за изложби.

-Срамота е Аеродром во 21 век да нема ниту еден објект на културата. Аеродром нема ниту општинска зграда, ветија парк и го градат цели четири години, рече Трајановски.

Пред граѓаните се обрати и кандидатката за скопски градоначалник и потпретседател на СДСМ, Каја Шукова која рече дека доаѓа со реален план, составен од важни проекти што ќе ја променат сликата на градот.

Шукова вети брз превоз, нови еколошки авотбуси, мостови, тунели, долгорочна сообраќајна стратегија. Се осврна и на Вардариште, со напомена дека нуди конкретни решенија.

-Никој нема право да си игра со нашето здравје, мојата програма е еколошки најсилна досега, 15 паркови за 15 месецви и конечно средување на Дрисла. Субвенции за централно греење, чист Вардар и уреден кеј, нови пешачки и велосипедски патеки. Го гледаме Скопје како град на можности, не само на проблеми, истакна Шукова, најавувајќи и конгересен центар, како и комплекс за авантура со модерна зоолошка, аквариум и луна парк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

Филипче: Гледаме реприза на кампањата од 2021 на ВМРО-ДПМНЕ, мега лаги за мега проекти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

(ВИДЕО) Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства