Во моментов нашата земја е соочена со бран на вирусот посилен од првиот како последица на олеснување на рестрикциите, но повеќе како последица на една серија настани, семејни собири и прослави на кои не се почитуваа препорачаните мерки за носење маска, дистанца, дезинфекција и често миење на рацете. Многу пати досега ја упатувам пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и во моментот единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите, секако и здравствените работници, но и здравствениот систем во целост.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека нашиот здравствен систем во овој момент е целосно прилагоден кон новата состојба, секојдневно ја следат состојбата на болничките капацитети, на медицинскиот кадар и на дневна основа по потреба правиме и прилагодување, ротации на здравствените работници со цел да одговориме на овој предизвик.
– Но, тоа што е најважно е поддршката од граѓаните, целосното почитување на мерките и солидарноста. Ако ова го имаме многубрзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост постепено се враќаме кон редовните животни активности повеќе од кога било е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширење на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен, посочи Филипче на прес-конференцијата.
Тој потенцира дека одржале состаноци со Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и неколку јавни здрвствени установи, со лабораториите каде се врши дијагноза на вирусот, на кои разговарале за досегашното искуство во борбата со вирусот, активности и мерките кои досега беа преземени и за следните чекори за справување со епидемијата.
Светската здравствена организација, нагласи Филипче, е наш стратешки партнер генерално во многу сегменти во здравството, а уште повеќе сега откако и ние се соочуваме со овој голем светски здравствен предизвик.
– Претставничката на СЗО во Скопје, Џихан Тавила сите овие четири мерсеци дава огромна подршка на нашиот систем во справувањето со вирусот за што сакам да изразам голема благодарност. Локалната канцеларија на СЗО е во секојдневна комникација со Министерството за здравство, со членовите на Комисијата за заразни болести, како и со многу други чинители во овој процес. Оваа поддршка во консултации, препораки, донации која ја добиваме од СЗО освен тоа ни одава и признание за напорите, трудот, неуморната работа на здравствените работници, институциите и власитер во справување со вирусот, рече Филипче.
Уште кога кон крајот на јанари СЗО прогласи вонредна состојба, посочи министерот, ја интензивиравме оваа наша меѓсебна комуникација, ги преземавме сите мерки и препораки кои ги издаде институцијата и го подигнавме нивото на будност на повисоко ниво дури и пред да го регистрираме пргвиот случај во нашата земја.
– Во периодот кој следеше воведувавме димензионирани мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните и да го амортизираме ударот кон нашиот здравствен систем, редовно информираме за статистиката, во континуитет споделуваме препораки и други важни информации, за да ја подигнеме свеста во заедницата за вирусот, неговото присуство и мерките за заштита на граѓаните, додаде Филипче на прес-конференцијата на која се обрати и советникот на регионалниот директор на СЗО за Европа Фабио Скано.