(ВИДЕО) Филипче: Симнете ја „Стоп корона“, не очекува доста работа до следната година

Од:

Со апликацијата „Стоп корна“ ќе се откријат непознатите, односно, несвесно направените контакти, смета министерот за здравство Венко Филипче. Со тоа, ќе се скрати времето на траење на епидемијата, потенцираше тој. Според него, состојбата нема да заврши со достигнување на пикот кон крајот на месецот, туку ќе трае до идната година.

Во живо: Филипче и Манчевски за состојбата и мерките против коронавирусот

Во живо: Филипче и Манчевски за состојбата и мерките против коронавирусот

Posted by A1on.mk on Понеделник, 13 април 2020

„Ние сме во фаза на дочекување на пикот, но оваа состојба нема да заврши сега. Во повеќе земји се размислува како да се постават, а размислуваме и ние, бидејќи до крајот на годината ќе не чека доста работа, можеби и следната година, до стекнување на некој колективен имунитет или пронаоѓање на вакцината. Во целиот период пред нас ги користиме сите можности и алатки. Ова е една од најголемите придобивки за идентификување сите примарни контакти. Во периодот пред нас планираме и скрининг во областа на Дебар, со оглед дека во овој дел се запре епидемијата“, рече Филипче.

Апликацијата е сработена за неполни 10 дена од компанијата „Нексус“ и е достапна за „Иос“ телефони и „Андроид“ телефони.

„Ние сме во фаза во која го очекуваме пикот на коронавирусот. Оваа апликација ќе ја олесни работата на епидемиолозите, бидејќи ќе го замени прашалникот кој го работат. Со оваа алатка ќе се стигне многу лесно до примарните контакти. Очекуваме да имаме дополнително поголем број на лица, како примарни контакти, со оваа апликација“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска