(ВИДЕО) Филипче: Можно е да се воведе карантин во општини каде има зголемен број на заболени

Од:

Кажав и ќе повторам, во предвид доаѓаат и карантински мерки во тие општини каде има зголемен број на случаи. Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој кажа дека има информации за лица кои наместо во самоизолација, тие излегуваат надвор и се шетаат. Според министерот, најголема концентрација на заболени има во Чаир, Сарај, Гази Баба, Бутел и Аеродром.

„Ние ја следиме состојбата. Сакам да порачам дека повторно ќе воведеме рестрикции, таргетирани и локализирани на некои места, согласно бројот на новодијагностицирани, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Тоа се дискутираше на состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе ги анализираме бројките од следните денови од текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Поради познатите кластери нема потреба од нови рестрикции, но ако треба, повторно ќе воведеме. Се укина полицискиот час со јасна порака да се почитуваат превентивните мерки, тоа го прават сите земји и е единствениот начин да се справиме со вирусот“, рече Филипче.

Тој побара од МВР поголема ажурност и казни за граѓаните кои наместо во самоизолација, шетаат надвор.

„Има информации за граѓани кои и со решенија за самоизолација се шетаат надвор. Затоа барам поголема ажурност од страна на МВР, поголема контрола и санкции на тие кои овие мерки не ги почитуваат. Уште еден проблем на колегите епидемиолози е одбивањето на соработка од страна на пациентите, потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, одбивањето да даваат точни податоци, даваат лажни адреси, тешко можат да се достават решенијата за самоизолација. Имаме концентрација поголема во четири скопски општини и тоа Чаир, Сарај, Гази Баба, Бутел и Аеродром. И огромен процент на новозаболените се како резултат на непочитување на мерките за самоизолација и лична заштита. Новодијагностицираните пациенти се заразени во период кога имаше строги рестриктивни мерки во однос на движењето и беа во важење истите мерки како и сега“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска