(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Од:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк и денот на гласањето, испрати порака до граѓаните да го поддржат СДСМ и кандидатите кои покажаа дека знаат да работат искрено, чесно и посветено за интересите на своите сограѓани.

„Денеска е практично последен ден од кампањата за овие локални избори почнува изборниот молк, и би сакал да сумирам неколку работи и да упатам неколку пораки. Прво, упатувам честитки за сите наши кандидати кои се бореа за вториот круг, вкупно 17 општини. Покажаа што значи искрена борба, чесна борба, покажаа што значи директен контакт со граѓаните, покажаа што значи да се направат програми врз основа на сугестии, предлозите на граѓаните од своите средини и навистина истрчаа, би рекол, една добра кампања,“ истакна Филипче.

Тој додаде дека кандидатите на СДСМ се луѓе кои не ветуваат само пред избори, туку секојдневно се со своите сограѓани и ги слушаат нивните потреби.

„Овие кандидати се избор за сигурност, стабилност и одговорност за градоначалници кои ќе им служат на граѓаните, а не на партијата. Тие нема да одговараат пред мене, туку пред луѓето кои ги избрале,“ нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче исто така потсети на сите кандидати кои утре ќе се борат за довербата на граѓаните. Александар Трајановски во Аеродром, Перо Костадинов во Валандово, Гоце Милевски во Виница, Лазар Петров во Демир Капија, Ристо Џинев во Дојран, Ванчо Митев во Зрновци, Благој Илиев во Конче, Томе Христоски во Крушево, Ацо Велковски во Лозово, Соња Стаменкова во Македонска Каменица, Петар Мантев во Неготино, Драган Атанасов во Пробиштип, Даниел Крстевски во Ранковце, Стојан Николов во Росоман, Горанчо Крстев во Чешиново Облешево, Сашко Комненовиќ во Чучер Сандево и Горан Герасимовски во Центар.

„Утре граѓаните имаат шанса да изберат градоначалници кои ќе бидат со нив и после изборите. Луѓе кои работат за сите, кои ги знаат вистинските проблеми и имаат сила да ги решаваат. Затоа, мојата порака е јасна, гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и по 2 ноември, кои ќе работат во интерес на народот, а не на партиските централи,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче, на денешната прес-конференција , порача дека кандидатите за градоначалници на СДСМ кој влегуваат во вториот круг од локалните избори се чесни, посветени и покажаа што значи да се има директен контакт со луѓето и да се води фер кампања.

„Покажаа што значи искрена борба, чесна борба, покажаа што значи директен контакт со граѓаните, покажаа што значи да се направат програми врз основа на сугестии, предлозите на граѓаните од своите средини и навистина истрчаа, би рекол, една добра кампања.Порачувам до граѓаните дека гласаат за чесност, за отчет и за луѓе со одговорност и резултати за себе“, рече Филипче.

Тој додаде, дека градоначалниците на СДСМ се добро препознанени во своите средини и ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните и развој на општините.

„Граѓаните добиваат градоначалници кои ќе работат исклучиво во нивни интереси и кои ќе одговараат пред нив, пред граѓаните. Овие градоначалници нема да работат за мене, нема да ми одговараат на мене, поради тоа што, треба да им одговараат на луѓето кои ќе ги бираат и ги гласаат“, рече Филипче.

Сите кандидати за градоначалници на СДСМ, како што кажа Филипче, нудат реални програми кои се за граѓаните и програми што можат да се испорачаат.

Филипче пред изборниот молк во вториот круг од локалните избори, испрати силна порака до граѓаните дека неделното гласање е најсилниот начин за промена и отпор кон арогантната и неспособна власт.

„Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура, кој беше јасно видлив уште во првиот круг од изборите. ВМРО-ДПМНЕ изгуби повеќе од 140.000 гласови за нешто повеќе од една година и тоа е јасен показател дека опозициското расположение расте,“ истакна Филипче.

Тој додаде дека ваквиот пад на поддршката не е случаен, туку е резултат на целосната неспособност на власта да се справи со најгорливите проблеми на граѓаните.

„Јасно е зошто е така оваа власт не понуди решенија, не покажа слух, туку само невиден степен на ароганција и оддалеченост од народот. Затоа сакам јасно да порачам дека гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста, најсилен отпор на апатијата и единствен начин да изградиме општества што се фер, нормални и блиски до граѓаните,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат