(ВИДЕО) Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во село Иловица, општина Босилово, имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците поради незаинтересираноста на Владата на ВМРО. Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со проблеми – од неисплатени субвенции, ниски откупни цени, високи производствени трошоци, поради што трпат огромни загуби.

Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:

„Денеска сме во посета на општина Босилово и како сегаде низ државата и земјоделците и овде во овој регион имаат огромни проблеми. Прво, не си исплатени субвенциите, дополнително тие за оваа година во програмата се намалени. Откупните цени се многу ниски на сите рано-градинарски производи. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30%.

Станува збор за тотална негрижа од оваа власт и од ова раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Практично министер кој што единствено нешто по што е познат се бројните коруптивни скандали. И човекот е навистина исто како и целата влада, треба да замине.

Трошоците за производство се зголемени за 300%. Зголемена е цената на работната рака. Зголемена е цената на водата. Зголемени се цените на ѓубривата. И на целиот тој зголемен трошок, откупните цени на сите производи се намалени за близу 30%. Ете за таква негрижа на оваа влада станува збор. Што поскоро се замине, толку подобро за сите граѓани на државата, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ