(ВИДЕО) Филипче: Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст

Од:

Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во Босилово. Филипче посочи дека е лицемерно ВМРО да зборува за некакво забрзување кога цела држава, вклучително и земјоделството, оди надолу, во пропаст.

„Каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО, организирана криминална група, слави роденден. Гледам дека се фалат со некој слоган „Македонија забрзува“, може да им го честитам роденденот со тоа што Македонија забрзува со нив единствено кон пропаст“, рече Филипче.

На средбата на која што земјоделците зборуваа за проблемите со кои се соочуваат изминатите две години поради погубните политики на Владата на ВМРО, Филипче нагласи дека власта го доведе земјоделството до пропаст. Исплатата на субвенциите доцни, а дополнително земјоделците се соочени со екстремно ниски откупни цени за производите.

„Наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да се даде поддршка на луѓето кои што може да го зајакнат секторот земјоделство и да бидеме главни извозници на храна и да го храниме целиот регион, ние сме соочени со тоа што целиот сектор земјоделство во државата изумира. Земјоделците нема да работат повеќе поради тоа што никој не води грижа за нивните големи трошоци кои се екстремно високи, за нивните ниски откупни цени, едноставно луѓето не можат да преживеат“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски