(ВИДЕО) Филипче: Имаме скок на новодијагностицирани, остануваат на сила сите мерки

Од:

Од направени 332 теста изминативе 24 часа се регистрирани 33 нови случаи кои дополнително ќе анализираат за да се утврдат причините за големиот број новозаболени, извести министерот за здравство Венко Филипче. Тој нагласи дека сите мерки за заштита од коронавирусот остануваат на сила.

„Денес имаме еден скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го следиме во следните денови за да видиме дали е случајност, некаква варијација или ќе биде некаков тренд. Тоа се резултати од само еден ден и не можеме ништо да заклучиме само од овие резултати од изминатите 24 часа. Ако се сеќавате во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број новозаболени. Во еден момент имаше и над сто новодијагностицирани. Во таа смисла утре и в сабота ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат. Засега остануваат на сила сите мерки и апелирам сите граѓани да продолжат доследно да ги почитуваат“, рече министерот Филипче.

Утре на состанок на Главниот координативен штаб за справување со коронавирусот во Влада ќе се расправа за времетраењето на полицискиот час за време на претстојниот викенд, а од бројот на новозаболени во деновите што следуваат ќе зависи и најавеното олабавување на мерките. За олабавувањето на мерките министерот рече дека ќе се разговара в сабота кога ќе имаат поконкретна слика за причината за денешниот зголемен број заболени. Одлуките, нагласи дека ги носат исклучиво врз основа на два критериума, односно од бројот на новозаболени и од подготвеноста на здравствениот систем да ги прими и да ги третира.

Министерот Филипче се надева дека денешниот скок на бројот на новозаболени е само варијација имајќи предвид дека изминатите 14 денови процентот на новодијагностицирани бил сериозно мал.

На пат кон Инфективната клиника денес починал 70-годишен пациент кој бил во болницата во Велес од 4 мај, а поради влошената состојбатребало да биде префрлен на Инфективната клиника во Скопје.

Вкупната бројка на заболени од коронавирус кај нас од почетокот на епидемијата изнесува 1572 пациенти од кои 1079 оздравени, 89 починати и 404 активни случаи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски