Во обраќањето пред граѓаните на Делчево, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го претстави кандидатот за градоначалник Дејан Глинџарски како човек кој ја продолжува политиката на дела, а не само на зборови, и кој носи визија за уште подобро, пофункционално и модерно Делчево.
„Нашиот кандидат за градоначалник, Дејан Глинџарски, и тимот советници продолжуваат онаму каде што застана Горан Трајковски, за да го направат Делчево уште подобро, уште модерно, уште функционално за сите граѓани,“ истакна Филипче.
Во Делчево покажавме дека СДСМ не е партија која само ветува, работиме, реализираме и создаваме за сите. Покажавме дека нашата политика е политика за граѓаните, за младите кои сакаат да останат тука, за семејствата, за работниците, за секој човек кој сака достоинство и сигурност. За овие осум години, другарот Горан Трајковски и локалната самоуправа од редовите на СДСМ го покажаа она што значи работа за граѓаните. Делчево денес е модернизиран, со инфраструктура која ја олеснува секојдневието, со градинки и училишта, со паркови, спортски терени и културни содржини кои го зајакнуваат духот на заедницата, рече Филипче.
Тој потенцираше дека поддршката за Глинџарски и советничката листа на СДСМ е поддршка за визија и конкретни резултати, при што ги истакна и некои од клучните проекти: Дом за стари лица Сигурна старост за достоинствен живот за постарите сограѓани, Куќа на културата Срце на градот простор за младите, уметноста и културата, Централен плоштад и уредување на речното корито на Брегалница, со пешачки и велосипедски патеки, детски игралишта, спортски и рекреативни зони.
„Овие проекти не се само идеи на хартија, тие се план за Делчево во кој граѓаните ќе живеат подобро, побезбедно и со поголема радост,“ нагласи лидерот на СДСМ.
Тој потенцираше дека овие избори не се само за избор на градоначалник, туку и за обединување и мобилизација на сите во СДСМ и враќање на довербата кај граѓаните.
„Овие избори не се само за еден градоначалник. Тие се за обединување на сите во СДСМ, за враќање на довербата на разочараните, за помирување на оние кои се разделени. Кога сме обединети, нашата сила е непобедлива,“ рече Филипче.
Затоа на 19 октомври гласаме за Дејан Глинџарски, гласаме за советничката листа на СДСМ, гласаме за обединување, гласаме за визија, гласаме за Делчево како дом за сите, потенцираше лидерот на СДСМ.