(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Од:

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче посочи дека актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија.

Воедно, Филипче потенцираше дека посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта во Македонија, која ќе се реализира непосредно пред самитот за Западен Балкан во Подгорица, е уште еден сигнал дека проширувањето повторно е високо на агендата на Унијата.

„Апелирам да му кажаме на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, дека ќе го направиме следниот чекор, дека ќе ги направиме уставните измени, имајќи предвид дека пред една година, кога претседателот Кошта беше тука и јасно кажа, не постои план Б, постои само еден план А, а тој план е преговарачка рамка која што е веќе усвоена од сите земји членки на Европската унија“, порача Филипче.

Тој додаде дека ова е еден од пресудните временски периоди во кои што проширувањето на Европската Унија е високо на приоритетната листа.

„Очигледно е дека по повеќе параметри станува збор за еден од пресудните временски периоди во кои што проширувањето на Европската Унија дефинитивно и со конкретни чекори е високо на приоритетната листа на Унијата. мено, веќе се разговара за конкретни модели почеток на процеси кои што ќе значат придружување на Украина, на Молдавија, понатаму активирање на повторно иницирање на референдумот во Исланд за да се продолжат преговорите“, изјави Филипче.

Во своето обраќање, Филипче посочи дека и земјите од Западен Балкан веќе прават сериозни исчекори во евроинтегративниот процес и предупреди дека Македонија не смее да остане надвор од пакетот за прием.

„Веќе е формирана комисија која што го пишува пристапниот договор за Црна Гора, напредокот на Албанија. Веќе се разговара за буџетирањето во Европската Унија и тоа се периоди од седум години. Ако не влеземе во овој план на Европската унија, тогаш вратите очигледно е дека ќе бидат затворени“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски