(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Од:

Аеродром не заслужува да изгледа како депонија. Време е за промена и затоа нашиот кандидат е Александар Трајановски,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на општината заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, д-р Александар Трајановски и кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова.

„Ѓубре насекаде, околу контејнерите, корпите искршени, ѓубре на зелените површини, за жал тие не искосени, ниту едно ветување неостварено. Прво, од страна на Тимчо Муцунски, кој што избега општината, понатаму на неговиот наследник Дејан Митевски за којшто стварно не знам како може да се кандидира и да ветува некакви работи, кога сега општината нема апсолутно никаква среденост, нема содржини за млади, нема нова урбана опрема. Старата е искршена, општината не личи буквално на ништо.

Го предлагаме Александар Трајановски за кандидат за градоначалник, човек што има своја визија, кој што е докажан професионалец, што и да работел, дека знае да работи и да изменаџира, и верувам дека граѓаните на општината Аеродром тоа ќе го препознаат и ќе го дадат гласот и ќе има конечно, средена, чиста општина, така како што заслужуваат“ потенцираше Филипче.

На новинарско прашање за тоа како ја оценува кампањата и обвинувањата дека СДСМ е „во ист кош“ со други партии, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека изборот за граѓаните е јасен.

„Вчера јасно кажав кои се двете опции пред граѓаните. Нашата – прогресивна, проевропска и искрена опција, со работа во корист на граѓаните. И нивната – на ВМРО-ДПМНЕ, опција за партизација на институциите и поставување партиски кадри. Опција која на младите им праќа порака дека е доволно да имаат членска книшка на ВМРО-ДПМНЕ, па и со лажни дипломи да бидат поставени на позиции. Тоа се двете опции и граѓаните тоа мора да го знаат,“ изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана