(ВИДЕО) Филип Стојановски: Граѓаните да научат да ги препознаваат спиновите

Од:

Граѓаните треба да знаат како да ги препознаат спиновите и разните видови на пропаганда за да правилно се информираат – ова е е една од главните цели на Сервисот за проверка на факти во медиумите, кој објавува рецензии на новинарски написи, а реномирани новинари и експерти пишуваат новинарски лекции и колумни за актуелни општествени проблеми.

Сервисот е дел од проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис.

– Идејата на проектот Сервис за проверка на факти во медиумите е токму на граѓаните да им се приближат новинарските стандарди преку нивна примена на конкретни примери. Ние сфаќаме дека граѓаните во рамките на образовниот процес имаат малку можности да научат што е всушност професионално новинарство. Има разни форми на пропаганда, спинови и слично, што професионалните новинари можат веднаш да ги детектираат, но за граѓаните тоа е потешко и затоа некои од нив потпаѓаат под разни влијанија на манипулации. Се’ повеќе медиуми ги преобјавуваат нашите содржини како нивен удел во општата јавна дебата, вели Филип Стојановски, програмски координатор и менаџер на проектот.

Сервисот за проверка на факти во медиумите наскоро ќе воведат и нови содржини во следењето на медиумите.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петковска: Новинарството ја губи вредноста како чувар на јавниот интерес

Доделување на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Ана Ололовска

Шаленберг: Професионалното новинарство е поважно од кога било

Независното новинарство е столб на отвореното општество

Ана Ололовска

Наградата „Јасмин“ нема да ја добие ниеден од кандидатите за 2019 година

Ана Ололовска

Се помалку млади сакаат да се занимаваат со новинарство

Ана Ололовска