ВИДЕО: Фестивал „Во светот на насмевките“ во организација на општина Центар

Од:

Бетмени и принцези, самовили и гусари, страшни скелети и Црвенкапа, Трнорушка и нинџа желки, вака децата од трите градинки од општина Центар, маскирани измамија многу насмевки и смеа на присутните на првиот фестивал “Во светот на насмевките“.

Смеата, велат, е крива која ги исправа сите неправди во светот.

„Наша задача е секогаш вака да бидат насмеани децата од општина Центар. Ова може само да не мотивира да работиме повеќе за нивно добро. Ова е прв фестивал и ќе стане традиција во општина Центар“, вети градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Фестивалот „Во светот на насмевките“, се одржа во Младинскиот Културен Центар (МКЦ), по повод 1-ви април, Денот на шегата.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории