ВИДЕО: Фазлиу го фрли Деловникот од собраниската говорница

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]
Без опозиција како подмачкано одат предлозите од Владата во Собранието. Новиот Деловник ја има поддршката од ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ што значи сложно ќе изгласаат ограничување на дискусиите во Комисијата за финансирање и буџет и ќе се однесуваат и за уставните измени, економските прашања и законите со европско знаме. ДПА се револтирани за начинот на носење на како што го нарекуваат Собранискиот устав.

„Се претера со измените на законите без опозиција и без дискусија. Собранието стана алатка на извршната власт и ја изгуби својата функција. Ова потсетува на комунизмот“, изјави револтираниот Беким Фазлиу од ДПА, кој го фрли Деловникот од собраниската говорница.

Изет Зекири од партијата на Руфи Османи го праша Александар Николовски дали за промена на Деловникот користел искуство од Нигерија и Того. Според него ова е доказ за автократското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Павле Трајанов праша зошто ограничувањето на дискусиите не се однесува и за Комисијата за труд и социјална политика каде што се наоѓа Законот за бранители.

ВИДЕО:24вести

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски