ВИДЕО: Фатени дилери и полицаец од Берово кој им помагал

Од:

Во координирана акција на неколку полициски оддели вчера биле преведени неколку лица инволвирани во препродаѓба на дрога во Штип, кочани, Виница и Берово. Запленета е пголема количина дрога, а приведен е и беровски полицаец кој и помагал на групата.

– Во текот на криминалистичкото истражување во април и мај 2023 година веќе биле обезбедени докази и биле запленети марихуана и амфетамин за што кривично се процесуирани две лица во Скопје и едно во Виница, кои издржуваат мерка притвор. Инаку, вчера со судска наредба биле извршени претреси на осум локации на наведените подрачја. Кај лицето Б.И.(38) од с.Грдовци биле пронајдени околу 10 килограми марихуана, амфетамин, дигитална вага, повеќе мобилни телефони и патничко возило кое го користеле за препродавањето на дрогата. Кај лицето Н.Ј.(49) од с.Чифлик била пронајдена марихуана. Кај К.М.(37) од Кочани била пронајдена марихуана и мобилни телефони. Претреси биле извршени и кај лицата К.К.(44) од с.Чифлик, Г.А.(43) од Виница, Х.М.(22) од с.Банско и С.П.(35), кај кого биле пронајдени марихуана, кокаин и дигитална вага. Исто така, во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, бил извршен претрес и во домот на полицискиот службеник А.К.(38) од Берово и биле одземени три мобилни телефони и два компјутери. Лицата се лишени од слобода и во координација со јавен обвинител против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информира МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци