ВИДЕО: Фантомска зграда со 30 жители во Кисела Вода

Од:

Според Избирачкиот список кој го објави ДИК, во Општината Кисела Вода на улица Христо Татарчев 1 бр. 13 се води непостоечка зграда со еден влез во кој „живеат“ 30 фантомски гласачи.

Екипата на А1он беше на оваа адреса, но наместо зграда, како што стои во Избирачкиот список, наидовме на куќа во која живеат 2 семејства со по 3 члена.

Аристид Банчотов, Стеријана Банчотова, Луција Каролина Цалевска, Розалинда Дрвошанска, Дејан Наџенски се само неколку од триесетината измислени гласачи кои според Избирачкиот список живеат во зграда со еден влез и гласаат во изборното место 2770 во Кисела Вода.

Избирачки список

Луѓето кои живеат на оваа адреса велат дека во нивната куќа не живеат луѓе со такво име и презиме ниту пак во нивното соседство.

– Запознаена сум со случајот и пробав да го пријавам во ДИК, но не креваат на телефоните воопшто, а во МВР се уште не сум пробала, рече член на семејството кој живее на оваа адреса.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 избирачи