(ВИДЕО) Фајон: Многу е потребно да има промени во Македонија!

Од:

„Денеска, имавме одлични разговори со господинот Заев и досега навистина е добра соработка заедно со мојот колега Флекенштајн.

Морам да кажам дека давам потполна поддршка за подобар живот во Македонија.

Разговарајќи со многу луѓе во Македонија, гледам дека на оваa држава и е потребна промена, кога зборуваме за Македонија и нејзиниот напредок кон Европската Унија и подобар живот посебно за младата генерација. Гледам многу млади луѓе кои ја напуштаат државата. Гледам лоши економски односи. Гледам лоши услови во здравството. Затоа е многу потребно да се направи промена.

Длабоко се надевам дека ќе можеме да видиме фер и слободни избори и демократски избори. Меѓународната заедница вклучувајќи не и нас од Европскиот Парламент одблиску следиме што се случува во пред изборниот период и исто така за време на изборите. Мислам дека е многу важно за Македонија да спроведе избори коишто ќе бидат признати.

Денес имавме и многу интересна средба со Специјалната Обвинителка и дадовме целосна поддршка за нејзината работа. Би сакала да изразам дека стравот на граѓаните, кој слушам доста често се случува дека нивното гласање може некој да го следи или дека ќе има заплашување – тоа нема да биде регуларно гласање!

Затоа луѓето треба да имаат слободен избор како да одлучуваат за својата иднина во државата и само тоа би значело дека изборите се демократски“,  изјави Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент  и заменик претседателка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, по средбата со претседателот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски