ВИДЕО: Ем трпат, ем молчат – гужви од студенти пред вратите на МОН

Од:

Повеќе од 100-тина нервозни студенти чекаат дури и до 2 часа на шалтерот во зградата на Министерството за образование, каде ги оставаат личните карти и чекаат да ги пуштат во просториите на МОН за да ги поднесат документите за аплицирање во студентските домови во Скопје.

Редиците од час во час се’ повеќе се зголемуваат и завршувањето работа се одвива отежнато. За разлика од лани, каде документите ги примаше повеќечлена Комисија во просториите на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, годинава документите за аплицирање од речиси 5.000 студенти поминуваат низ рацете на само 5-мина вработени во МОН.

Идните академски граѓани се плашеа да зборуваат пред камери. На прашањето зошто никој не сака да изнесе став за теми што се од нивен интерес, тие изјавија дека поради стравот дека нема да добијат место.

– Не сакам да зборувам пред камера, нема да не примат во студентскиот дом. Не сакаме ништо од тоа. Единствено ако ни ставите мрежичка на лицата. Откако ќе аплицираме, тогаш може да зборуваме, изјавија неколку студенти.

Една студентка, пак, изјави: Не ми е страв дека нема да добијам место, таман работа, ние сме „битни фаци“. Не ни се збори, не сме спиени“.

Новитет за студентите е што годинава уверението со впишани оцени и просекот на студентот се плаќа од 600 – 1.500 денари, во зависност од факултетот. Тоа, раскажуваат студентите, не било пракса изминатите години, каде овој документ се симнувал во вид на образец од страната на МОН, по што се носел во матичниот факултет и се става печат.

Дел од студентите кои не сакаа да зборуваат пред камера, објаснуваа дека некои студенти чекале и до два дена да го добијат уверението, при што биле приморани повеќепати да доаѓаат за Скопје.

Поднесувањето на документи за аплицирање трае до петок.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки