ВИДЕО: Елена Петковска на местото на Рангелова во Советот на Центар

Од:

Елена Петковска ја замени Даниела Рангелова во Советот на Општина Центар по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешната водителка на АБ Канал и сегашна наставничка во Основното училиште „11 Октомври“ го пополни испразнетото советничко место откако Рангелова стана пратеничка во парламентот.

Комисијата за верификација на мандати во состав од 3 члена поднесе извештај пред советниците во кој врз основа на член 15 од изборен законик и член 6 од деловникот Општината донесе решение за верификација на мандатот.

Елена Петковска даде свечена изјава во која се обврзува дека ќе ги почитува правата и обврските одговорно согласно законите и Уставот.

Таа со бајадери ги почасти присутните во општинската барака за добиената функција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар