ВИДЕО: Екстерното тестирање треба да се прогласи за пилот

Од:

Младински образовен форум (МОФ) денеска ја претстави анализата за „Екстерното тестирање во училиштата во Македонија“ како и препораките за унапредување на тестирањето. Заради серија пропусти за кои говори анализата, од МОФ порачуваат дека е неопходно тестирањето да се прогласи за пилот.

Зад екстерното тестирање стојат сериозни технички пропусти во реализација, законски недоследности и прекршувања, како и промашувања во поставувањето на целите на екстерното оценување, објасни Антонио Даниловски од МОФ. Со оваа анализа МОФ бараат од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар овие недостатоци да се земат во предвид , а институциите да го искористат времето кое сеуште стои на располагање и да го прогласат како пилот оценување.

„Со оваа мерка, инситутциите ќе имаат можност да извршат корекции и унапредување на поставените цели, системот на спроведувње и техничките ресурси, со единствена цел подобрување на образовниот процес и унапредување на знаењата и пеформансите кај учениците, односно професорите“, објасни Дона Костуранова, претседател на МОФ.

Анализата која е изработена врз основа на меѓународни и домашни документи, консултација со професори и ученици како и следење медиумски објави прикажува дека еден од сериозните пропусти е тоа што закононските одредби со кои се дефинира екстерното оценување биле прекршени во неколку наврати, а најпрво со пробивање на рокот за објавување на предметите за полагање.

Костуранова посочи дека имало прекршување на рокот препишан со закон од најмалку седум дена од тестирањето, а списоците иако оригинално објавени седум дена однапред биле сменети четири дена пред полагањето.

„Со ова е прекршен законот за средно образование и законот за основно образование, а учениците се оштетени со многу помал период за спремање“, вели Костуранова.

За време на тестирањето учениците се соочиле со низа недоследности и неправилности. Некои од нив, посочи Даниловски биле неотворање на сликите на тестот по ликовно, на тестовите по историја имало прашања кои не биле на мајчиниот јазик како и имало прашања за лекции кои не биле учени.

„Тестирањето се спроведуваше на 27 мај со тоа што курикулумот за настава е скратен за две недели. Има лекции кои не биле изучувани, а учениците добиле прашања од нив кои не знаеле да ги одговорат“.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на забелешките на родителите во врска со екстерното тестирање, денеска изјави дека тие се подготвени да ги разгледаат прашањата но дека не сака да квалификува ниту да дава оценки.

„Можеби станува збор за погрешно пренесување на дел од наставната програма, а можеби некои наставници надвор од она што е во наставната програма одлучиле да прескокнат делови кои се содржински составен дел на определен учебник“, рече Ристовски, додавајќи дека сите што имаат било какви забелешки треба да се обратат до Државниот истпитен центар.


Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска