(ВИДЕО) Ефтимова до сите родители: Нема зошто да се плашите, излезете и охрабрете ја младината

Од:

Не смееме да дозволиме на нашите деца да им биде одземена слободата и затоа сакам да им порачам на сите родители кои од дома не поддржуваат, немате зошто да се плашите, излезете и охрабрете ја нашата младина, рече пред Кривичниот суд Елена Ефтимова, мајката на Борјан Ефтимов кој доби 30 дневен притвор за учество во толпа за протестите на Шарената револуција.

– Охрабрете ја нашата иднина, избор повеќе нема, или ќе живееме во демократија и еднаквост за сите, или нашите деца ќе ни се обраќаат преку Скајп и вибер. Или сите заедно ќе ги вратиме општествените вредности, или нема да ги има, рече Ефтимова.

Таа истакна дека Борјан ќе биде во домашен притвор до 26 мај, односно се додека не му дозволат да се произнесе по делото учество во толпа.

– Апелирам до судот да суди по закон за правдата да победи. Денес стојам пред вас со исправена глава, со чиста мисла и многу, многу горда на мојот син. Успеав да го воспитам моето дете во духот на праведољубивоста и на чесноста, така ме воспитуваа моите родители, така и јас ги воспитувам моите деца. Некому тоа многу му пречи, но навистина, можам само да кажам, тоа е ваш проблем и самите справете се со него. Јас сметам дека треба и така ќе продолжам, рече Ефтимова.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата