ВИДЕО: Единствена книшка ни е студентската

Од:

Студентите предупредија никој да не се осмелува да ги поврзува со партиски штабови и да му дава партиски контескт на протестот.

– Единствената членска книшка која ја држам се вика индекс. Не сме по ничија иницијатива и од никој штаб испратени, тоа е во случај ако ви продаваат приказни, рече еден од предводниците на студентскиот протест.

Според студентите, протестот е против пасивноста на институциите и со намера да предложи начини како да се надминат.

– Се собравме поради многу причини, но сите се сведуваат на тоа дека има потреба од студентски акитивизам, од вклучување на секој студент и решавање на нивниот статус.

Студентите потсетија дека на антинацистичките демонстрации во Прага 1939 година јавно беа обесени 9 студенти и професори.

10814117_10204151709125734_2124747696_n

– Во знак на сеќавање, знаете дека протестираат студентите и во Србија и во Грција, ова е марш дека не забораваме. Тоа е дел од традицијата која не обврзува да се активираме. Има уште еден повод-најавата за екстерно тестирање, против која протестираме и имаме 4 аргументи. Со истата ако се спроведе, се ограничува правото на образование, се врши упад во автономијата на универзитетот, се коси со постојниот болоњски модел на евалуација и не ги поддржува постојните модели на интерната и екстерна евалуација, посочија студентите пред почетокот на маршот.

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата