(ВИДЕО) Еден повреден во пожарот во Визбегово, приведен е сопственикот на отпадот

Од:

Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице.

– До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот, информира МВР.

Со пожарот се зафатени хаварисани возила со плински уреди поради што се слушаат детонации, но досега нема зафатено куќи.

Во гаснењето учествуваат еден авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер. Од копно во гаснењето се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на „Комунална хигиена“

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он