(ВИДЕО) Џафери за провокациите од Шешељ: Немам потреба да одговарам никому, јас сум тука службено

Од:

Немам потреба да одговарам никому, јас не сум тука на повик од политичка партија туку во официјална посета од народниот парламент, изјави Талат Џафери во интервју за српската телевизија Н1 по изјавата на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ дека Џафери е терорист.

Шешељ исто така запраша во кое својство е дојден Џафери во Белград и кој всушност го повикал.

-Бев повикан од страна на претседателката на Собранието. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука, а не да се оптеретувам со партијата на Шешељ и неговите изјави, рече Џафери.

Претседателот на македонското Собрание во интервјуто говореше и за насилниот упад во парламентот на 27 април присетувајќи се дека и при неговиот избор за министер за одбрана исто така имало протести, но покрај се, не се чувствува како контраверзна личност.

-Што се однесува на мојот избор за претседател на Собранието, историјата се повторува со оглед на тоа дека мојот избор за министер за одбрана во 2013 година исто така беше пропратен со протест. Мојот избор во Собранието секако дека беше легален и легитимен и покрај сите постапки на сегашната опозиција во смисла на попречување на работата на парламентот. Не се сметам за контраверзна личност, јас ги извршувам моите обврски онака како што ми се доверени, вели Џафери.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата